Светски познатиот диџеј Џозеф Капријати (33) објави неколку дена по веста дека тој завршил во болница со повреди опасни по животот, откако беше избоден од сопствениот татко.
Според пишувањето на италијанските медиуми, Капријати, кој престојувал со татко му и мајка му во Италија за време на пандемијата, завршил во болница со повреди опасни по живот, а неговиот 61-годишен татко е уапсен за обид за убиство.
Како што наведува „Ла Република“, таткото по расправија го прободел својот син со кујнски нож во градите.
Капријати сега се огласи на Инстаграм и, заедно со фотографија од болницата, напиша обемна објава во која се наведува дека „најлошото е готово“ и дека му простува на својот татко.
„Му благодарам на Господ, жив сум. Благодарам на сите што ме поддржуваа, трогнат сум. Сè уште не сум успеал да ги прочитам пораките и да одговарам на нив, но ќе го сторам тоа за неколку дена кога ќе закрепнам. Немав сила да зборувам до утрово, но лекарите велат дека најлошото поминало. Само би ве замолил да покажете малку почит кон татко ми и моето семејство, бидејќи ниту јас, ниту кој било од вас нема право да судиме. Му простувам на татко ми за лудата постапка и се молам за него. Сега мислам на моето закрепнување. Се гледаме наскоро“, порачал диџејот.
Капријати живее во Шпанија, но од почекотот на пандемијата решил да се врати во родниот град Касерта во Италија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм