Актерката и пејачка Селена Гомез во текот на снимањето на Јутјуб-туторијалот признала дека сигурно сите нејзини поранешни момчиња мислат дека е луда.
– Знам дека сите тие мислат дека сум потполно луда, но не сум загрижена за тоа – изјавила во таа прилика.
Во нејзините поранешни момчиња спаѓа и познатиот пејач Џастин Бибер, а Селена се пошегувала и дека никогаш нема да се омажи.
– Се надевам дека во иднина сепак ќе најдам сродна душа. Но, тешко е да излегувате на состаноци сега кога е карантин – рекла таа и напоменала дека нејзиното признание не е повик за момчињата да ја канат на рандевуа.
– Смешно е што имам нова песна во која зборувам дека сакам да најдам момче што побрзо, а во реалноста не е баш така. Со мажите е тешко – додала Гомез.
Селена Гомез долго време им го привлекуваше вниманието на светските медиуми поради својата проблематична врска со Бибер. После повеќе прекинувања и смирувања, тие одлучиле да продолжат по својот пат. Во меѓувреме, таа беше во врска и со пејачот Д Викенд, кого го напушти поради Бибер.