Раперката Азелија Бенкс ја ископа својата мртва мачка Луцифер од гробот за да ја „врати во живот“, додека згрозените следбеници ја опсипуваат со негативни реакции на Инстаграм.
Контроверзната музичарка често ги загрижува обожавателите со разни лудории, а 29-годишната Азелија вчера сподели видео на Инстаграм, кое брзо беше избришано, во кое таа и непозната личност го копаат гробот на мачката додека се слуша смеење во позадината.
„Мачката е во торба“, се пошегувала таа за време на шокантната снимка, додека ја вадела торбата во која наводно се наоѓало телото на мачката. Пејачката рекла дека сака животното, кое починало пред три месеци, „да го врати во живот“.
Во вознемирувачкиот клип, таа потоа ја зготвила мачката во големо тенџере, а потоа ѝ направила „олтар“. На инстаграм-стори, таа исто така објави фотографија од розовото тенџере во кое го ставила, според нејзините зборови, черепот на мачка, шише шампањско и шишенце од нејзиниот омилен парфем Шанел бр. 5 и банкнота од 100 долари и распетие.
Згрозените обожаватели ја нападнаа во коментарите, меѓу другото, порачувајќи ѝ дека мора да посети психијатар.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм/Индекс.хр