Славица Тодорова, Српска странка: Зад моето разрешување стои Саша Богдановиќ

Тодорова тврди дека новостариот директор Станчиќ му е „личен пријател“ на Богдановиќ и кум на венчањето во Косово,

12,884
Славица Тодорова која вчера е разрешена од функцијата  директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците  тврди дека  зад нејзината смена стои  градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

 

Тодорова, како што наведува во рекацијата упатена до Плусинфо, е назначена за директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците лани како кадар на Српската странка во Македонија кога со акцијата  „метлата“ на премиерот Зоран Заев е разрешен дотогашниот директор Милутин Станчиќ.

– Вчера, без никаква најава, од Фејсбук дознав дека сум разрешена, без да биде консултиран претседателот на мојата партија  Мирослав Јовановиќ, иако сме коалициони партнери во владата.На моето место е именуван кадарот што беше разрешен во „метлата“  Милутин Станчиќ.За жал, зад сето ова стои Саша Богдановиќ, градоначалникот на Центар, на кого што Станчиќ му е „личен пријател“ (цитат од Богдановиќ) и кум на венчањето во Косово, кој е сопственик на невладината организација „Спона“ и претежно се занимава со пропагирање на Стара Србија и српската православна држава. Без никакво образложение сум разрешена, а зад сето тоа стои Богдановиќ, кој, како што велиме ние Србите „не зна где удара“. Се претставува како преставник на Србите во Македонија, а всушност се промовира само себеси во очите на српската јавност. Богдановиќ како функционер во Република Северна Македонија не се оградува од изјавите дека ние Србите немаме право на црква и слични небулози, иако нашата држава е секуларна држава — вели Тодорова.

Таа додава дека проблемите на Србите во земјава нема да се решат со подарување тетратики и ранци на децата како што тоа го практикува Богдановиќ.

– Сметам дека во интерес на соживотот, кој го негуваме луѓето родени на овие простори, без разлика на етничката припадност, треба да се стремиме кон реални цели и да гледаме напред. Проблемот на Србите во Македонија нема да се реши со подарување ранци и тетратки на децата, и тоа само на српските деца во училиштата, туку треба да се стремиме кон создавање еднакви услови за образование на сите нивоа – од градинка до високо образование – вели Тодорова..

Поврзани содржини