СЛАВЕСКИ ВЕЛИ ДЕКА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ БЕЗ АРСОВСКА Вашите кавги со Данела направија хаос, обвинува СДСМ

Претседателот на Советот Трајко Славески рече дека градоначалничката Данела Арсовска воопшто не се грижи за вработените во Градот и дека многу поплаки од вработените пристигаат до координаторите на советничките групи.

569

Нашата советничка група е изненадена од фактот дека ЈСП, кое 11 месеци наназад од доаѓањето на новата администрација немало никаков проблем со исплата на плати, сега не може да исплати плати – истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје при гостување на „Студио 10″ на телевизија 24.

– Од градоначалничката Арсовска немавме никаков сигнал дека има такво нешто, ниту да има некој предлог. Самите поднесовме иницијатива, две вонредни седници во два последователни дена, ја усвоивме прво иницијативата и ја задолживме, и дадовме задача на градоначалникот Арсовска да подготви предлог одлука да го решиме овој проблем – рече Славески.






Славески додаде дека градоначалничката воопшто не се грижи за вработените во Градот и дека многу поплаки од вработените пристигаат до координаторите на советничките групи. Синдикатите дури барале итна седница на Советот поврзана со овие прашања. Координаторите на советнички групи вчера планирале средба со претставници на ССМ за да ги ислушаат, рече Славески.

Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје, вчера рече дека конфликотот меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ внесува хаос во функционирањето на градската управа, а штетата од тоа ја трпат граѓаните.

„Вчерашната седница ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска ја претворија во циркус, наместо таа да биде посветена на советнички прашања. Наместо поставување прашања и одговори, граѓаните вчера беа сведоци на кавги и лични навреди меѓу градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески. Додека тие се расправаат за микрофони, но и за тендер од 136 милиони евра, за провизии и влијанија, се случи Скопје прв пат во историјата да остане без јавен превоз. Катастрофата и хаосот предизвикан од ВМРО-ДПМНЕ им прави штета на скопјани, кои очекуваат решенија за проблемите и реализација на ветените проекти – изјави своетничката Јанчева.

Поврзани содржини