Слатката холивудска русокоса се „стопи“ преку ноќ: Ослабела 40 килограми ФОТО

2,538

Изминативе неколку недели целиот свет зборуваше за Адел и нејзината неверојатна трансформација, како и за губењето на над 40 килограми, но таа не е единствената дама која успеа во вакво нешто.

Имено, американската пејачка и актерка Џесика Симпсон стана позната како убавата русокоса со неверојатна фигура, но трите бремености го направија своето, па така со години кубуреше со огромниот вишок килограми.






Таа признала дека по раѓањето на нејзината трета ќерка, Бирги Меј, бројот на вагата покажал дури 110 килограми. Бидејќи килограмите ѝ пречеле не само на естетски, туку таа имала и здравствени проблеми, се „фрлила“ на работа практично веднаш по породувањето и ја донела својата фигура до совршенство за шест месеци.

Така, во еден момент можела да се пофали со фактот дека изгубила дури 46 килограми за шест месеци, но тоа било тешко патување полно со откажувања и напори.

Но, затоа сега таа може да ужива во нејзината вита фигура со мускули, а за тоа се пофалила неодамна на Инстаграм. Џесика објавила фотографија во тесен минијатурен комплет за вежбање и покажала совршено обликувани мускули.

Атрактивната русокоса во оваа трансформација имала помош од тренерот Харли Пастернак, кој ѝ помогнал да направи план за исхрана и вежбање, и да се чувствува подобро во нејзината кожа.

– Не планиравме никакви екстремни диети ниту радикални програми за вежбање. Се договоривме дека таа дневно ќе направи најмалку 12.000 чекори, секој ден пред спиење. Потребни ѝ се седум часа сон, најмалку еден час на ден без технологија – рекол Пастернак.

Таа, исто така, вежбала по 45 минути три пати неделно, а покрај тоа се придржувала до едноставна диета во која биле вклучени три оброци и две закуски на ден. Џесика ја базирала исхраната на протеини и намирници богати со влакна.

 

 

View this post on Instagram

 

Little girl and I had a great night at FFANY Shoes on Sale for an amazing cause 💕 @FFANYshoeshow @QVC #shoes4acure #ishopforher

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on

 

 

View this post on Instagram

 

Jess-tation

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини