Српската пејачка Слаѓана Милошевиќ била приведена вчера во Сремска Митровица поради кршење на полицискиот час, пишува српски „Блиц“.
Слаѓана Милошевиќ е приведена затоа што, вчера, во текот на полицискиот час, од Белград отишла во Сремска Митровица кај поранешниот емотивен партнер Игор С, кој неодамна ја претепа.
Тој не сакал да комуницира со неа и поднел пријава против Слаѓана во полицијата во Сремска Митровица.
По сослушувањето во полицијата, Слаѓана Милошевиќ била пуштена на слобода, а пресудата дополнително ќе ѝ биде изречена.
FOTO: Fejsbuk