СКУЛПТУРА НА ЕНДИ МАРЕЈ ЌЕ СЕ ПОСТАВИ ВО ВИМБЛДОН Ќе се открие по повод 150-годишнината од првенството

Се очекува проектот да биде завршен на време за 150-годишнината од Вимблдон во 2027 година. 

239

Организаторите на Грен слемот Вимблдон објавија планови за поставување статуа во чест на британската тениска ѕвезда Енди Мареј.

Споменикот ќе биде поставен на теренот на „Ол Ингланд клуб лаун-тенис и крокет“. Се очекува проектот да биде завршен на време за 150-годишнината од Вимблдон во 2027 година.






Самиот Мареј ќе биде вклучен во дизајнот на скулптурата.

– Сакаме да имаме статуа на Енди Мареј овде и затоа тесно соработуваме со него и со неговиот тим. Планираме да ја откриеме на 150-годишнината од нашето прво првенство, кое беше во 1877 година. Енди со право треба да биде многу вклучен во тоа – изјави во поткаст.

Мареј ја освои титулата на Вимблдон двапати, во 2013 и во 2016 година. Тој го освои и Отвореното првенство на САД во 2012 година. Вкупно, Британецот има освоено 46 титули на АТП во поединечна конкуренција. Се пензионираше во 2024 година по Олимписките игри во Париз.

Поврзани содржини