Скринингот откри заразена со коронавирусот во градинка во Битола

1,031

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран еден  позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни, се вели во најновиот извештај на Институот за јавно здравје.

Скринингот на вработените во градинките продолжува, притоа 2000 воспитачки, негователки и други вработени со земање микробиолошки брис од носот и грлото се проверуваат дали се заразени со ковид-19.






Отварање на градинките се планира за почетокот на јуни, доколку со проверката не бидат откриени повеќе инфицирани лица.

Поврзани содржини