СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ПАТНИЦИ ВО РЕГИОНОТ Зимската сезона ќе биде добра и за аеродромите во Белград и во Загреб
Авиокомпанијата „Виз Ер“ ќе биде носител на растот во регионот, зголемувајќи го капацитетот за 453.636 седишта во Скопје и 315.817 во Белград.
Аеродоромoт во Скопје според објавениот зимски ред на летање, се очекува да забележи најсилен раст во регионот по бројот на патници што се должи пред се на зголемениот број на авиолинии на „Виз Ер“, пишува порталот „Ex-Yu aviation“.
Скопскиот аеродром планира до 28 март да опслужи околу 548.000 патници повеќе од лани На аеродромот во Охрид, пак, се очекува зголемување од 24.000 патници.
Според порталот, речиси сите аеродроми во поранешна Југославија го зголемуваат својот расположлив капацитет во споредба со минатата година. Авиокомпанијата „Виз Ер“ ќе биде носител на растот во регионот, зголемувајќи го капацитетот за 453.636 седишта во Скопје и 315.817 во Белград.
Севкупно, пазарите на поранешна Југославија оваа зимска сезона нудат 13.165.258 седишта на редовни летови во 84.633 авио операции.
Зад Скопскиот аеродром се аеродромите во Белград со очекуван пораст на бројот на патници од околу 518.000 патници и во Загреб кој се очекува да услужи повеќе од 176.000 патници. Главен двигател на аеродромот во загреб е „Кроација ерлајнс“, која ja проширува својата флота и мрежа.
Четврти по раст се очекува да биде аеродромот во Сараево со 113.000 патници, по кој следуваат аеродромот во Тузла со зголемување за 96.000, Љубљанскиот аеродром гој очекува раст од 91.000 и аеродромот во Ниш на кој се очекува војот на патници да се зголеми за 88.000 патници.
Најпрометна меѓународна дестинација кон која се насочени авио-операторите од регионот, е аеродромот во Истанбул, со 473.568 патници, по што следуваат Цирих со 414.502 и Истанбул Сабиха Гокчен со 342.704.
За оваа зима досега вкупно се закажани 26 нови линии од аеродромите во поранешна Југославија.

Извор:„Ex-Yu aviation“