Скопје за прв пат добива вистински вертикални градини

847

Скопје за првпат ќе добие вистински вертикални градини по светски стандарди. На денешната прес-конференција, по повод изградбата на новиот комплекс „Гранд“, чиј инвеститор е компанијата МГ Фешн, главните архитекти на проектот меѓу другото ги претставија и зелените вертикални градини кои се предвидени да бидат дел од комплексот.

Архитектите истакнаа дека станува збор за прв проект кој ќе вклучува зелени вертикални градини од овој тип. Покрај тоа што создаваат здрава средина за жителите, вертикалните градини придонесуваат за регулирање на влажноста на воздухот, апсорбирање на СО2 и други загадувачи, филтрирање на честичките од прашина, апсорбирање на бучавата, но и редуцирање на потрошувачката на енергија со намалување на температурата на воздухот во летниот период. Дополнително, овој дел од предвиденото зеленило обезбедува чувство на приватност и пријатност во урбаната средина и концепт, беше истакнато на прес конференцијата.






Архитектите нагласуваат дека објектите се проектирани и дизајнирани на специфичен начин, со цел да одговорат на посебните барања и потреби за поставување, односно садење, одгледување и одржување на вертикалните градини. Предвидените објекти ќе бидат со адаптиран дизајн за поставување на ваквиот вид зеленило. Проектирани се со наизменично протегање, прилагодена големина на терасите и соодветни висини, со цел да се обезбеди стеблата на дрвјата и растенијата да се извишуваат нагоре. Во објектите ќе биде имплементиран и посебен систем за одржување и наводнување, а во склоп на терасите ќе има посебно дизајнирани саксии и жардиниери, кои ќе овозможат дренажа и одводнување на водата.

Во однос на типот на зеленило кое ќе биде поставено, беше истакнато дека ќе се одбере локално зеленило, согласно локалните климатски услови, ветровите, длабочината и агресивноста на коренот итн. Проектот го надминува законскиот минимум од 20% зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 м2 зелени површини, каде не се вкалкулирани вертикалните градини кои се дел од идејните решенија.

Според податоците на Обединетите нации, во 2050 година околу 68 отсто од човештвото ќе живее во градовите. Овие претставуваат само 3 отстио од површината на планетата, но трошат 78 отсто енергија и произведуваат 60 од емисиите на стакленички гасови. Поради оваа причина, во 2016 година, ООН ја подобрија Новата урбана агенда за да ги советува земјите за нивните процеси на урбанизација и да ги направат градовите повеќе населени, инклузивни, здрави, издржливи и одржливи.

Постојат многу начини за димензионирање на зградите, без разлика дали се мери нивната висина, се споредуваат стилови на архитектура или се сечат нивните истории. Но, во ерата на климатските промени, се повеќе се става акцент на „зелените“ квалификации на зградата, бидејќи влијанието врз животната средина донесува одлуки околу дизајнирање, изградба и работење. Неодамна, На Денот на планетата Земја, Си-Ен-Ен „обиколи“ 18 значајни зелени згради од целиот свет. Погледнете го изборот на овој ЛИНК.

Еве и видео прошетка по светот, со примери за ваков вид архитектура:

Со проектот „Гранд“ Скопје ќе ја добие првата зграда која ќе може да конкурура да се најде во друштво на избраните проекти од т.н. зелена архитектура.

 

Поврзани содржини