Скопје за Балашевиќ – фановите во 19 часот пред Универзална ќе се поклонат на легендата

790

Фановите на Ѓорѓе Балашевиќ вечерва во 19 часот закажаа средба пред Универзална сала за да оддадат последна почит на големата музичка легенда.

Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно.
Скопје за Балашевиќ, денес со старт во 19 часот пред неговата Универзална сала, да се собереме и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда – пишува во објавата на Фејсбук.

Поврзани содржини