СКОПЈЕ ВО ЗНАК НА „LOUIS LATOUR“ Ексклузивната дегустација во „Salvatore“ ги воодушеви љубителите на вино
Ексклузивната дегустација на Louis Latour во ресторанот Salvatore, во организација на Alchemist MK, обедини вински експерти, гастрономи и љубители на бургундската традиција во вечер исполнета со елеганција, уникатни вкусови и афинитет кон врвната култура на виното.
Вчеравечер, во празничниот сјај на Скопје, ресторанот „Salvatore“ блесна во атмосфера исполнета со рафиниран стил и бургундска магија. Во овој луксузен амбиент, гостите уживаа во внимателно избраната винска селекција на „Louis Latour“, откривајќи со секоја голтка нова нијанса од неговото богато, вековно наследство.
Професионалниот сомелиер Јадранка Клариќ Кимовска маестрално ги водеше присутните низ винската дегустација, откривајќи ги слоевите, ароматските нијанси и рафинираните карактери на секое вино.
Посебен престиж ѝ даде на вечерта присуството на „Thomas Lignier“, „Export Area Manager“ во „Louis Latour“, чие светско искуство и длабоко познавање на Burgundy ја претвори дегустацијата во автентично патување низ историјата, филозофијата и значењето на брендот.
Совршено избалансираните кулинарски креации на „Chef Giovanni“ го подигнаа искуството на уште повисоко ниво. Секое јадење беше внимателно осмислено за да го истакне карактерот на вината.
Организирана од „Alchemist MK,“ вечерта претставуваше ексклузивен собир за љубителите на фините вина, елегантен, топол и незаборавен.
А по успешната вечер во текот на денешниот ден, „Thomas продолжи со активности во Скопје, давајќи уште поголема тежина на посетата. Прво, тој го посети „Wineberry“, каде што се сретна со францускиот амбасадор Кристоф де Риголер, во пријатна атмосфера исполнета со разговори за француската винска култура и соработките на локалниот пазар.
Потоа, Thomas одржа и винска обука за вината на„Louis Latour “во „Sushico Zen“, каде професионалците и љубителите на виното имаа можност да научат уште подлабоки детали за стилот, филозофијата и препознатливиот печат на овој легендарен бургундски бренд.