СКОПЈЕ СЕ ИСКАЧИ НА ВТОРОТО МЕСТО ВО СВЕТОТ Лахоре во Пакистан е единствениот позагаден град
Зимата штотуку почна, а метрополата веќе урива рекорди, па Скопје вечерва се наоѓа на второто место во светот по загаденост со 282 микрограми на кубен метар штетни честички по здравјето на граѓаните.
Нашиот главен град Скопје вечерва е еден од десетте градови во светот со најзагаден воздух, објави швајцарскиот портал IQAir, кој објавува податоци за квалитетот на воздухот ширум светот.
Зимата штотуку почна, а метрополата веќе урива рекорди, па Скопје вечерва се наоѓа на второто место во светот по загаденост со 282 микрограми на кубен метар штетни честички по здравјето на граѓаните.
Позагаден град од Скопје е само Лахоре во Пакистан со 305 микрограми на кубен метар штетни честички.