📽️ СКОПЈЕ СЕ ГУШИ, ВИЗБЕГОВО ПАК ГОРИ Депонијата повторно пламна, чад и отрови над главниот град.

Гори истата депонија од почетокот на месецот, чадот се шири низ Скопје, а жителите бараат конечно решение, не само пожарникари.

2,575

Ново загадување ја вознемири јавноста во Скопје, повторно гори дива депонија во Визбегово, во близина на индустриската зона. Ова е втор сериозен пожар на истата локација во помалку од две недели, при што голем црн чад се шири низ небото и е видлив од речиси сите населби во северниот и западниот дел на градот.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пожарот избувнал на крајот од улицата Брсјачка Буна, во истата зона што гореше и на 9 јули.






„Во прашање е дел од истата депонија. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје веќе е на лице место и интервенира. Во моментов нема опасност за блиските објекти, но димот е густ, црн и се шири брзо со помош на ветерот“, велат од ЦУК.

Состојбата предизвика паника кај жителите на Визбегово, како и на дел од Чаир, Бутел и Карпош, од каде граѓаните масовно споделуваат видео снимки и фотографии со црн чад што се издигнува над градот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

„Ова не е живот! Секоја недела дишеме отрови! Никој не го гасне овој проблем, туку само пожарите!“, напиша жителка на Визбегово на социјалните мрежи.

Визбегово веќе долго време е жариште на диво фрлен отпад, кој се пали речиси секој месец. Граѓаните апелираат до градските власти и Министерството за животна средина конечно да најдат трајно решение за депонијата, која освен што загадува, претставува и опасност по јавното здравје и безбедноста.

Инаку, на 9 јули, на истото место избувна сличен пожар, кој со часови го исполнуваше небото над Скопје со дебел црн чад. И тогаш граѓаните реагираа бурно, но, според жителите, ништо конкретно не е преземено, и повторно се случува истата слика.

📷 📽️ ГОРИ ДЕПОНИЈА ВО ВИЗБЕГОВО Црн чад го покри небото над Скопје, паника меѓу граѓаните

Поврзани содржини