📽️ СКОПЈЕ ПОВТОРНО ЌЕ ЗАСВЕТИ НА 15 ДЕКЕМВРИ Ѓорѓиевски ги повика скопјани и вети шоу за сите генерации

Град Скопје на 15 декември ќе го означи почетокот на празничната сезона со големо осветлување на плоштадот „Македонија“, проследено со богата програма и секојдневни настани до Новата година.

0

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во пишана изјава ги повика скопјани да присуствуваат на настанот и заедно да ја споделат празничната магија која, како што вели, му недостасувала на градот во изминатите години.

– Почитувани скопјани, драги родители, најдраги дечиња. Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние, и младите, и возрасните, ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите – вели Ѓорѓиевски.






Тој најави дека од 16 декември па сѐ до Новата година, секој ден ќе има настани, активности и забави за сите генерации.

– А дочекот, ви ветуваме, ќе биде спектакуларен и незаборавен – порача градоначалникот.

Од прес-службата на Град Скопје додаваат дека годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“. Претстојниот настан ќе донесе посебна атмосфера, богата програма и многу изненадувања, со што официјално ќе се означи почетокот на најубавиот дел од годината во главниот град.

Поврзани содржини