СКОПЈЕ ИМА НАЈЕВТИН КВАДРАТ ВО РЕГИОНОТ Каде се најскапи становите во Европа?
Според истражувањето на Истражувачкиот институт на Дојче банк, Истанбул е меѓу најевтините со околу 2.646 евра за квадратен метар, додека Цирих и Женева се на спротивниот крај со 22.910, односно 19.439 евра за квадрат.
Скопје, со просечна цена на квадратен метар стан од 2.156 евра во август, се вбројува во најевтините дестинации за купување недвижнини. Квадратот во Скопје најевтин во регионот, а е далеку по најскапиот во Европа од кој е регистриран во швајцарскиот град Цирих од 22.910 евра.
Највисоки цени се забележуваат во Општина Центар, каде што квадратен метар во новоградба на атрактивна локација достигнува близу 3.000 евра. Во споредба со минатата година, кога просечната цена во Скопје се движеше околу 1.670 евра за квадрат, растот е значителен.
Според податоците на Народната банка цените на становите од почетокот на годината бележат умерен раст со тоа што во првиот квартал цената порасна за 16,6%, додека во вториот квартал е забележано забавување на растот и кој изнесува 13,3%.
Квадратот во Скопје е поевтин од повеќето престолнини во регионот. Така во Софија цените се движат приближно меѓу 2.300 и 2.600 евра за квадрат, додека во Сараево просечната цена е околу 2.700 евра за квадратен метар. Белград е уште поскап, со просечни цени од околу 3.080 до 3.100 евра за квадратен метар. Во Атина квадратот има просечна цена од 3.448 евра, додека, пак, во Загреб околу 4.086 евра.
Споредбата со главните градови во Европа покажува голема разлика.
Според истражувањето на Истражувачкиот институт на Дојче банк, Истанбул е меѓу најевтините со околу 2.646 евра за квадратен метар, додека Цирих и Женева се на спротивниот крај со 22.910, односно 19.439 евра за квадрат.
Лондон е на трето место со 17.241 евра (14.782 фунти) по квадратен метар. Недвижностите во француската престолнина се релативно поевтини отколку во Лондон. Цената по квадратен метар е 12.771 евра.
Виена ги комплетира првите пет, со цена од 12.483 евра за квадратен метар. Најскапиот квадрат во Германија го има Минхен од 11.435 евра
Следуваат Луксембург (11.011 евра), Копенхаген (10.191 евра), Стокхолм (10.037 евра) и Осло (9.785 евра). Цената паѓа под границата од 10.000 евра во норвешката престолнина. Квадратот во Хелсинки чини 8.431 евра Прага (8.352 евра), Мадрид (7.831 евра), Рим со (7.328 евра) Даблин (7.185 евра), Лисабон (6.636 евра).
Растот, сепак, не е ист во сите земји. Во првиот квартал од 2026 година, Португалија имала најголем годишен раст на цените на станбените објекти во ЕУ од 17,8%, пред Бугарија со 14,8%, Словачка со 14,4 и Хрватска со 14,3%.
Од друга страна, во Франција растот изнесувал само 0,1 отсто, во Германија 1,4%, додека Финска била единствената земја во ЕУ со пад на цените, од 2%.