СКОПЈЕ ГОРИ НА ТРИ МЕСТА? Горат далеководи во Ајватовци и во Бунарџик, голем пожар беснее и во Пинтија (ВИДЕО)

Корисници на социјалната мрежа Фејсбук објавија видео на коешто се гледа пожарот на далеководот во скопското село Ајватовци.

7,580

Експлозија и пожар на далековод во скопското село Ајватовци, пожар на високонапонски столб во индустриската зона Бунарџик, како и пожар на делеководот до трафостаницата во Пинтија, неофицијално, се причините за тоталниот мрак во кој западнаа најголемиот дел од општините во главниот град Скопје.

Од компанијата ЕВН во изјава за порталот СДК велат дека не станува збор за проблеми на нивната мрежа или рестрикции, туку дека станува збор за голем дефект. Нема дотур на струја и до нивната мрежа. Засега немаат информации за што се работи и рекоа дека ќе информираат во текот на денот.






Во меѓувреме, корисници на социјалната мрежа Фејсбук објавија видео на коешто се гледа пожарот на далеководот во скопското село Ајватовци.

Како што и претходно објавивме, без електрична енергија остана центарот на главниот град, а со сличен проблем се соочија и дел од жителите на скопската населба Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром и на Зелениково.

Пожар во Пинтија
Поврзани содржини