СКОПЈЕ Е ВО НАЈНАПРЕДНА ФАЗА НА ИЗГРАДБА НА НОВАТА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА Се градат 58 објекти меѓу Гази Баба и Аеродром

Овој еколошки трансформативен проект опфаќа изградба на вкупно 58 објекти, од кои голем дел веќе се во напредна фаза на реализација. Меѓу нив се и пумпна станица за сирова вода, со лев и со десен колектор, кои се простираат на површина од 1.050 метри квадратни, објект за прием на вода од 470 метри квадратни, таложници за песок и маслофаќачи на 1.450 метри квадратни, како и дигестори што зафаќаат 2.000 метри квадратни.

2,443

Град Скопје – кој започна во исто време со градовите во регионот како Подгорица, Приштина и Бања Лука – е во најнапредна фаза на изградба на новата пречистителна станица за отпадни води, најголемиот еко-капитален проект во регионот, соопшти Град Скопје.

„Проектот го имплементира ЈП Водовод и канализација Скопје, со силна поддршка од Европската Унија преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) за иградба на современа централна пречистителна станица за отпадни води, лоцирана помеѓу општините Гази Баба и Аеродром, опфаќа проектна површина од 184.610 метри квадратни“, се наведува во соопштението.






Овој еко-трансформативен проект вклучува изградба на 58 објекти, се додава, од кои повеќето веќе се во активна фаза на изградба, а вклучуваат пумпна станица за сирова вода со лев и со десен колектор што се протегаат на 1.050 метри квадратни, објект за прифаќање површина од 470 метри квадратни, таложници за песок и маслофаќачи на површина од 1.450 метри квадратни и дигестори кои зафаќаат површина од 2.000 метри квадратни.

„Со изградбата на пречистителната станица се обезбедува примарен и секундарен третман, со користење на најсовремена технологија и опрема за биолошки третман на отпадни води. Овој проект има за цел значително да го подобри квалитетот на површинските и на подземните води, со што ќе се придонесе за целокупно подобрување на состојбата на животната средина и на здравјето на жителите на Скопјe“, информира Град Скопје.

Проектот на пречистителната станица на Скопјe ги предводи еколошките иновации, се вели во соопштението, со користење врвна технологија и опрема, со што претставува пример во тековните проекти во регионот.

„Овој проект е доказ за потенцијалот за соработка меѓу локалните власти и меѓународните партнери за справување со критичните еколошки предизвици, со цел подобрување на квалитетот на живот и зачувување на природните ресурси за идните генерации“, се наведува заклучокот на соопштението.

Поврзани содржини