Скопјанка тешко се повреди во автобус
Како што соопшти МВР, возачот бил принуден нагло да сопре бидејчи возило му го попречило движењето на улицата Ѓорче Петров.
Шеесет и петгодишна скопјанка тешко е повредена при пад во автобус, додека возачот нагло сопрел.
Како што соопшти МВР, возачот бил принуден нагло да сопре бидејчи возило му го попречило движењето на улицата Ѓорче Петров.
„При сопирањето, во внатрешноста на автобусот паднала патничката В.Т.(65) од Скопје која е пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од МВР.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.