СКОПЈАНКА СО СТОЛ УДРИЛА ВРАБОТЕНА ВО УЧИЛИШТЕ Инцидент како од филм во Ѓорче Петров, полицијата истражува

Засега не се наведуваат мотивите за инцидентот, ниту каков бил односот меѓу двете жени.

990

На 17 јуни во утринските часови, во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, дошло до физички инцидент во кој една вработена во училиштето била удрена со стол од друга жена, информираа од СВР Скопје.

Како што наведува полицијата, настанот бил пријавен во 08.15 часот, а според пријавата, Н.С. (43) од Скопје со фрлање на стол наназад ја удрила Г.Н. (45) од Скопје, која е вработена во училиштето. Засега не се наведуваат мотивите за инцидентот, ниту каков бил односот меѓу двете жени.






Случајот е пријавен во полиција, а надлежните служби работат на целосно расчистување на инцидентот.

Поврзани содржини