СКОПЈАНКА ОБВИНЕТА ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ВОЛКОВО Обвинителството предложи мерки за 40-годишната жена
Во Волково, 40-годишна жена удрила во пешакот Горан Иваноски со автомобил „Мерцедес“, при што тој настрадал на лице место. Јавниот обвинител отвори постапка, а осомничената доби мерки на претпазливост.
Во трагична сообраќајна несреќа што се случи на 3 јануари вечерта во скопското село Волково, 40-годишна жена управувајќи автомобил „мерцедес“ удрила во пешакот Горан Иваноски, кој настрадал на лице место.
Според информациите од обвинителството, осомничената задржувала правец на движење, но не обрнала доволно внимание на пешаците на коловозот. Иваноски се движел покрај десниот рабник вдолж коловозот, но поради ударот со предниот десен дел од возилото, се здобил со повреди од кои починал на лице место.
Јавниот обвинител поведе постапка против скопјанката за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. За да се утврдат сите околности на несреќата, се наредени вештачења, а осомничената се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа.