Седумдесетгодишна жена од Скопје синоќа во полициската станица Аеродром пријавила дека на 07 август била измамена од едно лице.
Според пријавеното, лицето телефонски и кажало дека нејзиниот син прегазил малолетник, но доколку му даде одредена сума на пари тој може да помогне да не издржува затворска казна.
Како што е пријавено, тие се договориле и таа му ги дала парите, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.