СКОПЈАНКА Е ВРАТЕНА ЗАД РЕШЕТКИ ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ БЕГСТВО Полицијата уапси осуденичка од Идризово
По приведувањето, осомничената ќе биде предадена на надлежната казнено-поправна установа, каде што ќе ја издржи својата казна“, информираат од МВР.
Скопјанката О.С. (47) утринава беше уапсена од полицијата, а која беше во бегство цели четири години од затворот „Идризово“.
Како што соопштија од МВР, акцијата се случила на ул. Зендел Џемаил, благодарение на координираната работа на полициските службеници од Оперативниот тим за потраги при СВР Скопје и од ОКР Карпош.
„О.С. беше осудена на казна затвор од една година и осум месеци поради сторено кривично дело според член 247 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. По приведувањето, осомничената ќе биде предадена на надлежната казнено-поправна установа, каде што ќе ја издржи својата казна“, информираат од МВР.