СКОПЈАНИ НЕ СЕ ЛАЖЕТЕ, ЈСП НЕ ДАВА ГРАТИС ВОЗЕЊЕ ЦЕЛА ГОДИНА! Претпријатието ги предупредува граѓаните да не наседнуваат на измамата
Измамата била пријавена во МВР и претпријатието очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите, како и итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП, велат од претпријатието.
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ попладнево ги информира граѓаните дека утврдена е измама со електронската картичка „скопска“ на социјалните мрежи, случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи.
„ЈСП ‘Скопје’ утврди лажна вест со што е фалсификувано логото на електронската картичка „скопска“, објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена ‘Транспортна карта на град Скопје’. Се работи за измама со лажен линк, што краде податоци од платежните картички на граѓаните“, пишува на веб-страницата на претпријатието.

Измамата, како што се додава, била пријавена во МВР и претпријатието очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите, како и итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП.
Измамниците, како што може да се забележи и во коментарите од објавата, со помош на гугл-транслејт, за да биде поверодостојно, е пишувано на македонски јазик од страна на т.н. ботови, бидејќи оние што пишуваат немаат македонски имиња и презимиња.
