СКОПЈАНИ, КАЖЕТЕ „ДРАГИЧКА“ Петар Грашо соопшти извонредна вест пред концертот
Гордиот татко, 48-годишната поп-ѕвезда Петар Грашо, ја потврди среќната вест дека очекува второ дете.
Откако пред година и 9 месеци станаа родители на девојче, 33-годишната Хана Хуљиќ Грашо и 48-годишната поп-ѕвезда Петар Грашо го очекуваат своето второ дете.
Гордиот татко ја потврди среќната вест од Скопје за хрватскиот „ИН магазин“. Тој вечерва ќе го одржи неговиот трет концерт во Филхармонија.
Детали за бременоста на 14 години помладата Хана не сподели, па засега не се знае кој месец е, а и дали веќе го знаат полот на бебето.
Хана последен пат се појави во јавноста пред десетина дена во Сплит на изложба и раскажа колку радост им донела ќерката Алба која во јули ќе наполни 2 години.