Скопјани и пијани возат низ Центар, 17 биле откриени при контрола на полицијата

Полицијата соопшти дека 10 возачи биле без возачка дозвола.

175

Полицијата откри 94 прекршоци во сообраќајот при акциска контрола за санкционирање на возење под дејство на алкохол на територијата на Општина Центар.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 17 санкции се изречени за возење во алкохолизирана состојба, 10 за возење без возачка дозвола, една за нерегистрирано возило, 15 за некористење заштитна маска.






Од МВР информираат дека засилени акциски контроли ќе има и во наредните денови и апелираат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Поврзани содржини