Скопјани ќе платат казна од 2.000 евра бидејќи не го почитувале полицискиот час
ОЈО предложи вакви казни да добијат осум лица.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица заради непочитување на полицискиот час.
Како што соопштија од ОЈО, обвинетите биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење.
– На тој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот закони – наведуваат од ОЈО..
Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.