СКОПЈАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ Трајко Славески најави и еколошки автобуси
Toj потсети дека ја поддржале Арсовска во изборната кампања и, како што додаде, го поддржале и ставот да се оди со друго решение, со набавка на еколошки автобуси.
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески денеска изјави дека бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време со, како што рече, зголемена ефикасност на ЈСП „Скопје“.
– Во моментов и изминатите неколку години со проширувањето на правата за користење бесплатен јавен превоз, почнувајќи од пензионерите, зголемувањето на бројот на денови во работната недела, понатаму студентите и други категории на граѓани, најголем дел од корисниците, оние кои се упатени на користење на јавниот превоз, веќе користат бесплатен јавен превоз – изјави Славески по конститутивната седница на Советот на Град Скопје.
Прашан за БРТ системот на јавен превоз во Скопје (Bus rapid transit – BRT), Славески изјави дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе има поддршка за тоа.
– Ќе го поддржиме нејзиното мислење за овој проект – рече Славески.
Toj потсети дека ја поддржале Арсовска во изборната кампања и, како што додаде, го поддржале и ставот да се оди со друго решение, со набавка на еколошки автобуси.
Советникот Реџеп Исмаил од Левица изјави дека тие начелно поддржуваат бесплатен јавен превоз, но, како што рече, зависи во каква форма тоа ќе биде претставено пред советниците.
– Мора службите да поработат каков ќе биде концептот, како ќе се финансира, што ќе значи за Градот, дали има инфраструктура Градот тоа да го издржи, дали јавното претпријатие „Скопје“ има капацитети, што треба да се прави во однос на тоа…Доколку дојде до таква работа, ние ќе ги оцениме сите постапни работи кои би требало да доведат до тоа за да да нема никакви негативни ефекти, да се минимализираат – рече Исмаил.
Тој изјави дека не е запознаен со БРТ системот на јавен превоз во Скопје и оти треба да се видат аргументите.