СКОПЈАНИ ЌЕ БИРААТ МЕЃУ 16 ИМИЊА Рекорден број кандидати влегуваат во жесток дуел за главниот град
На Локалните избори 2025 ќе се избира градоначалник меѓу рекорден број кандидати, а трката за советничките места носи уште поголема неизвесност.
Скопјани на Локалните избори 2025 ќе имаат можност да избираат градоначалник на Град Скопје меѓу 16 кандидати, од кои само една жена. За 45 советнички места на изборниот натпревар има 19 листи со вкупно 855 кандидати, од кои 398 жени.
Кандидати за градоначалник на Скопје се: Орце Ѓорѓиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Каја Шукова поддржана од СДСМ и коалицијата, Драган Николовски поддржан од група избирачи, како и Сашо Маневски, Зоран Јованоски од Единствена Македонија, Амар Меционовиќ од Левица, Демир Исмаил од Сојузот на Ромите, Владимир Куноски од Работничка партија, Александар Тортевски од Партија Твоја, Срџан Амет од Политичка партија Унија на Роми Скопје, Александар Трајановски поддржан од ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР, Вангел Божиноски од Родина Македонија, Скендер Реџепи поддржан од коалицијата предводена од ДУИ, Владимир Трајковски од Македонска ера трета/Македонски независни листи-Суверенисти, Горан Марковски поддржан од Независни заедно и Александар Рашковиќ од ТМРО.
За споредба, на минатите локални избори во 2021 година имало 12 кандидатури за градоначалник и 95 советнички листи.
Овие избори се сметаат за едни од највозбудливите, со тоа што приматот го има Градот Скопје, а од општините најголем интерес предизвикуваат Центар и Чаир.
Во општина Аеродром за градоначалник ќе се натпреваруваат Славко Мишура поддржан од група избирачи, Марјан Димитриев од Левица, Владимир Михајловски од ТМРО, Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Александар Трајановски од СДСМ и коалицијата и Дејан Лазаревски поддржан од ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР. Во Аеродром се поднесени 10 советнички листи со 270 кандидати за 27 советнички места.
Во Бутел има четворица кандидати: Оливера Ливриниќ од СДСМ и коалицијата, Исамедин Азизи од ДУИ и коалицијата, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Бехар Емини од Влен. Советот во Бутел има 19 места, а поднесени се исто толку советнички листи со 228 кандидати.
Гази Баба брои седум кандидатури: Златко Тренчевски од Левица, Зоран Петковски од Демократи Скопје, Влатко Митовски од СДСМ и коалицијата, Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марија Мајкиќ од Единствена Македонија, Влатко Утевски од Македонска ера трета и Тоне Димковски од Работничка партија. Поднесени се 12 листи со 324 кандидати за 27 советнички места.
Ѓорче Петров има четворица кандидати: Александар Димитријевиќ од Левица, Костадин Ацевски од СДСМ и коалицијата, Љупчо Јаневски од ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР и Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Советот брои 23 членови, а поднесени се 7 листи со 161 кандидат.
Во Карпош влегуваат пет имиња: Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Димитров од Левица, Стевчо Јакимовски од ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР, Маја Мојсова Мијовска од СДСМ и коалицијата и Невена Георгиевска од група избирачи. Поднесени се 10 листи со 270 кандидати за 27 советнички места.
Во Кисела Вода има седум кандидати: Марко Ташков и Кети Сталеска од група избирачи, Јане Ацевски од Левица, Горан Трајковски од СДСМ и коалицијата, Бети Стаменскоска-Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Оливер Поповски од ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР и Марко Салџиевски од Твоја партија. Поднесени се 9 советнички листи со 243 кандидати за 27 места.
Во Сарај четири имиња: Мухамет Елмази од Влен, Ремзи Мамути независен, Тензи Белули од Демократи и Блерант Рамадани од ДУИ и коалицијата. Поднесени се три листи за 19 советнички места.
Во Центар се натпреваруваат Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ, Горан Герасимовски од СДСМ и коалицијата, Марија Среброва од Левица, Билјана Ивановска од група избирачи и Лидија Ѓорѓевиќ од Македонска ера трета. Поднесени се 9 листи со 207 кандидати за 23 советнички места.
Во Чаир трката ја водат тројца: Ицо Колевски од Работничка партија, Бујар Османи од ДУИ и коалицијата и Изет Меџити од Влен. Поднесени се 9 листи со 243 кандидати за 27 места.
Во Шуто Оризари се појавуваат рекордни осум кандидати: Шабан Салиу од Демократски сили на Ромите, Елвис Бајрам од Сојуз на Ромите, Северџан Илјаз од Демократи Скопје, Ќамуран Сејди од Демократска партија на Ромите, Едис Хасан од СДСМ и коалицијата, Курто Дудуш од Унија на Роми Скопје, Ѓеѓе Демировски од Бошњачки демократски сојуз и Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Поднесени се 7 листи со 133 кандидати за 19 советнички места.
Локалните избори 2025 се закажани за 19 октомври, додека вториот круг ќе се одржи на 2 ноември. Денеска официјално започна првиот ден од дваесетдневната кампања.