Скопјани „беснеат“ по улиците, казнети дури 379 возачи

За пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 101 санкција.

360

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 379 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 101 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 32, 41 санкционирани мотоциклисти, 66 мерки за непрописно паркирани возила и 68 возила подигнати со пајак, а изречени се и 78 санкции за неносење на заштитна маска – соопштија од МВР.






Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Поврзани содржини