СКОПЈАНЕЦ СТАНА МИЛИОНЕР Падна „Супер милионер“ вреден 7,4 милиони денари

Добивката е реализирана на ВЛТ терминал во Скопје, а во една недела исплатени се речиси 15 милиони денари.

64

Скопјанецот A.T. го освои џекпотот „Супер милионер“ вреден 7.472.901 денари на видеолотариски терминал, соопшти Видеолотарија Касинос Австрија. Добивката била реализирана на 9 април 2026 година на терминал поставен кај деловниот соработник „Спортлајф“ во Скопје, а среќната игра била „40 Burning Hot“.

Од компанијата упатија честитки до добитникот и посочија дека станува збор за една од најпосакуваните добивки на ВЛТ терминалите.

Според податоците на компанијата, во периодот од 6 до 12 април 2026 година, на играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија им биле исплатени вкупно 14.983.135 денари. Од нив, 7.472.901 денари се однесуваат на еден „Супер милионер“ џекпот, четири „Милионер“ џекпоти во вкупен износ од 5.784.445 денари, како и „Мини“ џекпот добивки во вредност од 1.725.789 денари.

Од Видеолотарија Касинос Австрија информираат дека компанијата повеќе од една деценија работи во согласност со законските регулативи и меѓународните стандарди. Во 2025 година, како што наведуваат, биле исплатени 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за џекпот добивки.

Поврзани содржини