Скопјанец се удавил во Преспанско Езеро

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа на Полициска станица Ресен, соопшти МВР.

980

Синоќа околу 19 часот во полициската станица во Ресен било пријавено дека на плажата во Сливница, во водите на Преспанско Езеро бил пронајден удавен 66-годишен скопјанец, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа на Полициска станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на семејството, соопштија од СВР Битола“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини