СКОПЈАНЕЦ ПУКАЛ ВО БАТИНЦИ Застреланиот маж е во болница

372

Во скопското село Батинци денеска претпладне полицијата привела 28-годишен скопјанец по добиена пријава за пукање кон Н.М., кој по здобиените повреди е пренесен во болница.

„Денеска околу 11.30 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Е.Ч. (28) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава денеска околу 11 часот дека во с.Батинци било пукано кон Н.М., кој е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош“, информира МВР.






По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини