СКОПЈАНЕЦ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО МОТЕЛ ВО ЧАИР Телото на 38-годишникот е предадено на обдукција

Засега нема податоци за причините за смртта на 38-годишниот скопјанец.

365

38-годишен скопјанец е пронајден мртов во мотел на подрачјето на општина Чаир. Засега нема податоци за причините за смртта.

„На 20.07.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во мотел на подрачјето на општина Чаир во Скопје бил пронајден починат Б.А.(38) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“ – информираат од МВР.

Поврзани содржини