СКОПЈАНЕЦ ПРЕГАЗИЛ 68-ГОДИШНА ЖЕНА Завршила во болница со тешки повреди

Автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 70-годишен скопјанец, ја удрило пешачката М.С. од селото Волково.

856

Маж на 70-годишна возраст со автомобил прегазил жена на улица во Скопје, а таа завршила во болница со тешки повреди.

Жена-пешак на 68-годишна возраст заврши со тешки повреди откако синоќа била прегазена на улицата Лука Геров во Скопје.






Од МВР информираат дека несреќата се случила околу 19:00 часот, кога патничко возило „ауди“ со скопски таблички, управувано од 70-годишниот В.Б. од Скопје, ја удрило М.С. од селото Волково.

Повредената жена била пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Поврзани содржини