Во Полициската станица Центар вчера 38-годишниот Д.Џ.(38) од Скопје пријавил дека во напуштена куќа на подрачје на Центар – Скопје го пронашол починат неговиот пријател Н.„Н.” од Скопје.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“, се наведува во соопштението.