Скопјанец купил автомобил и истиот ден му го украле

Инаку, според пријавеното, А.М. во текот на денот го купил возилото од Ф.И.

5,120

Утрово, еден час по полноќ, 22-годишниот А.М. од Скопје пријавил во полиција дека вчера околу 22:30 часот на булеварот Гоце Делчев, додека заедно со неговата девојка се движеле со возило, биле пресретнати од поголема група луѓе кои го запреле автомобилот и му го украле.

„Едно од лицата физички го нападнало, а друго лице му го одзело возилото Пежо 306, по што го напуштило местото на настанот. Во возилото имало пари и мобилен телефон“, наведено е во полицискиот билтен.






Инаку, според пријавеното, А.М. во текот на денот го купил возилото од Ф.И.

Поврзани содржини