Скопјанец им се заканувал на политичари и владини функционери преку социјална мрежа

1,155

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 34-годишник, во периодот од 29 до 31 март, искористувајќи исти прилики и други слични околности, преку својот профил на една социјална мрежа се заканил дека ќе изврши кривично дело – Убиство за кое е пропишана казна затвор од над пет години. Тој во повеќе наврати објавувал текстови со заканувачка содржина, а заканите биле упатени кон политичари и владини функционери.​​

Поврзани содржини