СКОПЈАНЕЦ ДОБИЛ КОВЕРТ СО 5 КУРШУМИ И ЗАКАНУВАЧКИ ПОРАКИ Не е познато кој му се заканува
Во ковертот покрај пораката занувачките пораки по неговиот живот и по животот на неговиот син биле оставени и 5 куршуми.
Вчера С.Р. (34) од Скопје непријатно бил изненаден кога во 08.20 часот на неговиот мотор нашол коверт со заканувачки пораки.
Во ковертот покрај заканувачките пораки по неговиот живот и по животот на неговиот син биле оставени и 5 куршуми.
Случајот е пријавен во полиција. Оттаму информираат дека моторот бил паркиран на улица Балзакова.
Засега не се знае кој му го оставил ковертот со куршумите и пораките.