СКОКНАЛА ВО ЛЕДЕНАТА ВОДА И ИСЧЕЗНАЛА Ана не можела да се справи со силната струја (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Нејзиниот сопруг и останатите собрани очајнички се обидувале да ја спасат, додека децата наоколу врескале, но струите биле пресилни, а телото на Ана сѐ уште не било пронајдено.

1,107

Русија и целиот свет ги потресе веста за смртта на младата адвокатка Ана Ускова (40) која загина скокајќи во ледената вода на Богојавление.

На интернет кружи видео на кое се гледа како Ана скока во водата во замрзнатата река Оредеж кај селото Вајра, источно од Санкт Петербург на Водици. Младата адвокатка веднаш потоа исчезнала под водата, а се сомнева дека ја однела силната струја.






Нејзиниот сопруг и останатите собрани очајнички се обидувале да ја спасат, додека децата наоколу врескале, но струите биле пресилни, а телото на Ана сѐ уште не било пронајдено.

Вознемирувачкото видео прикажува како нејзините деца на возраст од 10 и 14 години врескаат по својата мајка, додека нивниот татко Јури (50) скока во дупка за да ја најде сопругата.

Полицијата започна истрага за убиството од небрежност.

Поврзани содржини