Скокаше од радост со победничкиот рекет на Ѓоковиќ (ВИДЕО)
Тој ме охрабруваше и исто така цело време ми даваше правилни совети. Буквално ми беше како тренер, рече Ѓоковиќ за момчето на кое му го подари рекетот.
Новак Ѓоковиќ му го подари рекетот на едно момче кое силно го бодреше за време на финалето на Ролан Гарос во кое противник му беше Стефанос Циципас.
Откако му го подари рекетот момчето почна да скока од радост и од неверување, па денеска неговата реакција е хит на социјалните мрежи. Ѓоковиќ не го познавал момчето, но раскажа зошто одлучил токму нему да му го подари победничкиот рекет.
– Го слушав цело време додека игравме, особено кога бев во негатива од два сета. Тој ме охрабруваше и исто така цело време ми даваше правилни совети. Буквално ми беше како тренер. Тоа ми се виде многу симпатично и затоа тој беше најдобрата личност да го добие мојот рекет по завршувањето на мечот. Тоа беше мој начин да му се заблагодарам за тоа што беше со мене и ме поддржуваше – изјави Ѓоковиќ.
Тој го победи Циципас со 3:2 во сетови по четири часа и 11 минути игра и стана првиот тенисер во историјата кој ги освоил сите четири гренд слем титули барем двапати.
Amazing moment of Novak Djokovic handing his French Open title winning racket to a young boy. pic.twitter.com/zOHOXa53bp
— Darren Rovell (@darrenrovell) June 13, 2021