СКОК ОД 5 ОТСТО И НА ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА Конфликтот меѓу двете големи извознички ги вознемири берзите

Конфликтот врши двојно поголем притисок врз пченицата, бидејќи двете земји се големи производители и извозници на пченица.

142

Цените на пченицата нагло пораснаа на светските берзи, заедно со бројни други артикли, по рускиот напад врз Украина.

Цената за бушел пченица се зголеми за повеќе од 5 отсто, на нешто помалку од 935 американски центи денеска – највисоко ниво од 2012 година. Русија е еден од најважните производители на пченица во светот.






Од денеска поскапеа голем број суровини што се извоз од Русија .

Меѓутоа, конфликтот врши двојно поголем притисок врз пченицата, бидејќи Украина е исто така еден од најголемите светски производители на пченица. Заедно, двете земји сочинуваат околу една четвртина од глобалната трговија.

Поврзани содржини