📽️ СКИЈАЧКА И НЕЈЗИНОТО КУЧЕ ПРЕЖИВЕАЈА ЛАВИНА Застрашувачка сцена фатена со камера на кацига

Инцидентот се случил и покрај ниското ниво на опасност од лавини, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.

0

Шпанската скијачка Арес Масип преживеала драматичен инцидент на планина откако ненадејна лавина ја однела неа и нејзиното куче за време на скијање во Андора. Целиот настан бил снимен со камера поставена на нејзината кацига.

Лавината се случила во четврток на Пик де л’Ортел, на надморска височина од околу 2.400 метри. Масип скијала на терен што добро го познавала и, како што вели, претходно го проверила билтенот за лавини, каде што ризикот бил означен како низок.






На снимката се гледа како снегот под неа одеднаш почнува да се распаѓа, по што таа ја губи рамнотежата и заедно со кучето Цим е однесена надолу по падината. Во видеото се слуша како панично го повикува кучето додека лавината се движи.

Иако Цим во прв момент не била зафатена од снегот, кучето наместо да се оддалечи, се вратило кон сопственичката и било повлечено во лавината. По неколку драматични секунди, лизгањето запрело, а ниту Масип ниту кучето не биле затрупани.

– Планината се распаѓаше. Тоа беше лавина и за мене најлошиот момент од сите – изјави Масип за Би-Би-Си.

Таа додава дека лизгањето започнало ненадејно, при четвртото свртување за време на спуштањето, и траело околу 30 секунди.

– Не знаев колку е сериозно. Сè се уриваше пред моите очи – раскажува таа, истакнувајќи дека и покрај сите мерки на претпазливост, планината секогаш носи ризик.

По инцидентот, Масип нагласува дека искуството е потсетник за сите љубители на планинските спортови дека целосна безбедност не постои.

– Во планините не постои нулта ризик. Можете да направите сè правилно, но има работи што не се под ваша контрола – заклучува таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ares Masip (@ares_masip)

Поврзани содржини