„СКЕНЕРОТ ШТО ГО БАРА АЛИ АХМЕТИ СЕ ВИКА АРТАН НОН ГРАТА ГРУБИ“ Ахмети може да влезе во Гинисовата книга за грабеж на Албанците, порача Вреди

Таравари, Села и Ахмети кажуваат работи во кои самите не веруваат, бидејќи се политичари кои се толку истрошени, исцрпени и безнадежни што дури и луѓето најблиски до нив ги гледаат како товар, соопштени Вреди.

937

Селотејп коалицијата Таравари, Села и Ахмети се во паника – тие знаат дека Албанците им го вртат грбот, па затоа го избраа единствениот пат што го знаат, измама, соопшти Вреди.

Тие кажуваат работи во кои самите не веруваат, бидејќи се политичари кои се толку истрошени, исцрпени и безнадежни што дури и луѓето најблиски до нив ги гледаат како товар, се вели во соопштението.






„Секој пат кога Албанците ќе помислат дека Али Ахмети научил од лекцијата што им ја даде САД ставајќи ја неговата сенка, Артан Груби, на црните листи за корупција и за крадење, тој повторно смислува „нова идеја“  и бара „скенер за политичари“, додека неговиот „скенер“ е самиот Артан, кој е нон грата!“, соопшти Вреди.

Но, ако направиме „скенер на моралот“ на оваа селотејп-коалиција, резултатите се шокантни. посочува Вреди.

„Таравари за Али: „ментално болен“, „подобро со ѓаволот отколку со ДУИ“. Зијадин Села за Али: „криминалец“, „на 27 април се обиде да ме убие“. Али Ахмети за нив: „Ништожници“. Ова е „заветот“ што сакаат да им го продадат на Албанците, сојуз од навреди, омраза и лични интереси. Коалиција што се држи заедно не по принципи, туку со селотејп. И ако беа „скенирани“ за крадци, Али Ахмети и неговото семејство би влегле во Гинисовата книга на рекорди како рекордери за грабеж и богатење на грбот на Албанците“, соопшти Вреди.

Поврзани содржини