Скандалозни тврдења на вработените: Гејтс на работа доаѓаше со мерцедес, а кај љубовницата одеше со порше
Бил Гејтс на работа доаѓаше со „мерцедес“, а потоа ќе заминеше со кафеава-златно „порше“, што му го довезуваше асистентот, тврдат неговите соработници, кои сметаат дека тоа било тактика за да се среќава со други жени додека бил во брак.
– Претпоставувавме дека тоа го прави кога оди да најде со другите жени. Исто така знаев дека тој често оди на некои состаноци што не беа наведени во неговиот календар – рекол еден вработен во „Мајкрософт“ за „Венити фер“.
Инаку, Гејтс е познат како страстен колекционер на автомобили со посебна страст кон „порше“.
Вработените во „Мајкрософт“ морале да потпишат и договори за доверливост и тајност според кои им е забрането да зборуваат за начинот нa кој Гејтс управувал со компанијата.
Два извора рекла за магазинот и дека некој од кругот на Мелинда соработувал со приватен истражител, што на крајот и довело до поднесување барање за развод. Откритијата на приватниот истражител, според пишувањето „Венити фер“, исто така, ќе бидат вклучени и во бракоразводната парница.
Портпаролите на Гејтс ги отфрлија тие наводи. „Ниту Мелинда ниту никој од блиските луѓе не ангажираа приватен истражител“, се вели во соопштението.
Им се додворувал на жените на работа
Во мај, „Њујорк тајмс“ објави дека Гејтс често им се додворувал на жените кои работеле за него додека тој бил претседател на „Мајкрософт“. На една вработена наводно ѝ испратил мејл со покана за вечера, додека друга, наводно, ја поканил на состанок додека биле заедно на службено патување.
Неколку сегашни и поранешни вработени во „Тајмс“ тогаш откриле дека овие инциденти довеле до создавање на непријатно работно опкружување, а личниот живот на Гејтс станал мета на озборувања меѓу вработените.
Во 2019 година, управниот одбор на „Мајкрософт“ отворил истрага за неговото однесување, а Гејтс се повлекол од одборот следната година, откако компанијата ангажирала адвокатска канцеларија за да ги испита наводите.
Портпаролката тогаш рекла дека неговата „одлука да го напушти управниот одбор“ нема никаква врска со таа афера, а самиот Гејтс ја опишал како „несовесна и дел од минатото“.
Еден поранешен вработен го нарекол „немилосрден“ и „непопустлив“. „Тој ќе поставеше прашање, а кога ќе одговорев, ме погледнуваше и велеше: „Тоа НЕ е вистинскиот одговор!“, го опишал своето искуство во работата со Гејтс.
Бил и Мелинда Гејтс го објавија разводот на почетокот на мај.
„Во текот на изминатите 27 години, одгледавме три неверојатни деца и изградивме фондација која делува низ целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да живеат здрав и продуктивен живот. Продолжуваме да го споделуваме нашето верување во оваа мисија и да работиме заедно во фондацијата, но повеќе не веруваме дека можеме да работиме заедно, да растеме како пар во следната фаза од нашите животи“, напишаа тие во објавата.
Тие беа во брак 27 години. Се запознале кон крајот на осумдесеттите кога Мелинда се приклучила на „Мајкрософт“ на Бил, а се венчаа во 1994 година. Заедно имаат три деца.