На социјалните мрежи се споделувала непристојна фотографија од полугола пациентка , сместена во привремената ковид болница во белградска Арена. Жената не ни знаела дека ја снимале додека се преоблекувала, а за скандалот реагирал и заменик градоначалникот на Белград Горан Весиќ, пренесува Јутарњи.
Во соопштението тој потврдил дека спорната фотографија е снимена во Арена и побарал итна истрага за загрозување на приватноста и за повреда на личниот интегритет, пишува белградски Блиц.
Надлежните институции се во потрага на авторот на фотографијата.