СКАНДАЛ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО КИЧЕВО Професор пријавен за напад врз ученичка

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 68-годишен професор од селото Другово, кој е осомничен дека физички нападнал малолетна ученичка во училница, при што таа се здобила со телесни повреди.

0

Кичевската полиција поднесе кривична пријава против 68-годишниот З.С. од кичевското село Другово, поради сомнение за сторено кривично дело „Насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, тој, додека извршувал работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетна ученичка.






По нападот, ученичката се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кичево.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат понатамошни законски постапки.

Поврзани содржини