🎥 СКАНДАЛ ВО ИТАЛИЈА Тренерот на Лече полуде по поразот од Верона, клубот му врачи отказ
Тренерот Роберто Д'Аверса изнервиран по поразот на Лече од Верона (1-0) го нападна и со глава го удри францускиот фудбалер Томас Анри.
Тренерот на тимот италијанскиот фудбалски клуб Лече, Роберто Д’Аверса изнервиран по поразот од Верона (1-0) го нападна и со глава го удри противничкиот фудбалер Томас Анри.
Д’Аверса кој е поранешниот фудбалер на Милан, Монца, Сампдорија, Сиена и поранешен тренер на Парма и Сампдорија ги загуби нервите и по натпреварот го нападна францускиот напаѓач. Доби црвен картон, а сега Лече ја осуди постапката на својот тренер.
Нешто подоцна раководството на Лече му даде отказ на тренерот Д’Аверса поради инцидентот во кој удри противнички играч на последниот натпревар против Верона.
Се започна со расправија помеѓу дефанзивецот на Лече, Марин Понграчиќ и Хенри. Двајцата се скараа на почетокот на дополнителното време, за што судијата Даниеле Киф им покажа по еден жолт картон. Но, тоа не ги смири, бидејќи веднаш по завршувањето на натпреварот двајцата продолжија со жестоката расправија. Тогаш Д’Аверса се упати кон нив и со глава го удри Хенри кој падна на теренот.
Тогаш судијата им покажа црвени картони и на тренерот и на повредениот фудбалер на Верона.
– Излегов на теренот за да ги спречам моите играчи да добијат црвен картон бидејќи играчите на Верона ги испровоцираа во последните моменти од натпреварот и по крајот на натпреварот. Не беше убаво тоа што го направив и го знам тоа. Нема оправдување за тоа и отидов кај играчите на Верона да им го објаснам моето однесување. Не излегов намерно на теренот за да го направам тоа – изјави Д’Аверса по натпреварот.
Lecce’s coach Roberto D’Aversa head butted Verona’s striker Thomas Henry.
There was a lot of commotion, pushing and shoving at the end of the Lecce-Verona game, and now we know why.
pic.twitter.com/GbdPDOpw8P— Raffaele (@ItalianoCalcio) March 10, 2024
Тренерот Роберто Д’Аверса имаше договор со Лече до крајот на сезоната. Тој го презеде тимот минатото лето и победи на само шест од 30 натпревари во Серија А и Копа Италија.
Лече по последниот пораз од Верона е во големи проблеми бидејќи е изедначен со Емполи со 25 бода, а има бод повеќе од Удинезе и Фросиноне кои го делат местото кое води во Серија Б. Имаат два бода повеќе од претпоследниот Фросиноне, а Верона со победа ги надмина со бод колку што има и Каљари. Во последните 10 кола претстои изедначена трка меѓу екипите кои се борат за опстанок во Серија А.