Советникот на британската влада, епидемиологот Нил Фергусон, кој неодамна беше позитивен на ковид-19, поднесе оставка откако ги прекршил правилата за изолација и се сретнал со својата девојка.
Британски Телеграф пишува дека професорот Фергусон, кој го советуваше премиерот Борис Џонсон да воведе карантински мерки и ги убедуваше граѓаните дека мора да се придржуваат кон строгите мерки за социјална изолација ѝ дозволил на својата љубовна партнерка, која инаку е во брак, да го посети во неговиот дом и тоа два пати. Таа до кај него патувала од другиот крај на градот.
Во изјавата за оставката, водечкиот епидемиолог од лондонскиот Империјален колеџ рекол дека направил „грешка во проценката“.
– Прифаќам дека направив грешка во проценката и оти не сум во право. Затоа си поднесов оставка. Се однесував така, убеден дека сум здрав и имам имунитет. Откако се тестирав позитивно за вирусот, бев целосно изолиран скоро две недели. Длабоко жалам какво било поткопување на јасните пораки дека за да се контролира епидемијата е потребно физичко растојание. Владините упатства се недвосмислени и постојат за да нè заштитат сите нас – изјавил Фергусон.
Тој стана еден од најистакнатите членови на SAGE, а кон средината на март предупреди дека 250.000 луѓе може да умрат ако Велика Британија не ги примени мерките за физичка дистанца меѓу луѓето, наведува Скај њуз.
BREAKING: Govt's top science expert Professor Neil Ferguson resigns after flouting his own social distancing lockdown rules to be with married lover.
Unbelievable & shocking scoop by the Telegraph's @AVMikhailova >>>>https://t.co/Ja1m52qcSN pic.twitter.com/FEc88ztRBi— Piers Morgan (@piersmorgan) May 5, 2020